Home Спорт Мурињо: Чекорот од осмина во четврт финале е најважниот во ЛШ!

Мурињо: Чекорот од осмина во четврт финале е најважниот во ЛШ!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека очекува тешки натпревари со Севиља во осминафиналето и ја посочи оваа фаза како клучна во турнирот.

„Јас сум мирен, мечот е важен но мислам дека треба да бги контролираме емоциите. Тешко е да се игра против Севиља бидејќи има турнирски тим и многу се успешни кога се елиминациите во прашање. И порано сум кажувал дека секој што ќе стигне до четвртфиналето веќе има шанси да го освои турнирот. Затоа мислам дека чекорот од осминафинале кон четвртфинале е многу важен“, истакна Мурињо.

„Не мислам дека против Севиља можеш да постигнеш многу голови. Севиља е тим кој обожава да игра Куп натпреварувања, а сега мотивацијата ќе им биде на максимум“, додаде Португалецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…