Home Вебкафе Страв лозје чува: Се пикна во скенерот за багаж – да не ѝ ја украделе торбата

Страв лозје чува: Се пикна во скенерот за багаж – да не ѝ ја украделе торбата

Персоналот од обезбедувањето на една железничка станица во Кина беа сведоци на чуден и по малку бизарен инцидент во кој една жена влезе во апаратот за проверка на багажот, сакајќи да ја држи на око својата торба.

Обезбедувањето кое преку рентген го проверува багажот на патниците се шокирало кога на мониторот ја здогледале женската силуета.

Жената се качила на подвижната лента и на колена се навалила над торбата.

Подоцна таа објаснила дека се плашела оти некој ќе ѝ ја украде торбата доколку таа не е покрај неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…