Home Шоубизнис Пред 33 години докторите кренале раце од него, а денес го прослави 76-от роденден

Пред 33 години докторите кренале раце од него, а денес го прослави 76-от роденден

Теоретскиотфизичар и автор со британско потекло, кој важи за еден од најголемите научни умови на денешницата, уште од 1963 година боледува од амиотрофна латерална склероза.

Кога на Стивен Хокинг му била дијагностицирана тешката прогресивна невромоторичка болест, лекарите му давале уште најмногу две години живот.

Џејн одбила и барала трансфер во Кембриџ, каде следеле најтешките денови од неговиот живот со интензивна нега и третмани. Болеста го оставила неспособен да зборува и направила да има потреба од константна нега, но не го спречила да работи на своите научни истражувања.

Во 1988 година ја издал книгата „A Brief History of Time“, која се продала во преку 10 милиони копии низ целиот свет.

„Лекарите мислеле дека нема да се повратам од комата, па и предложиле на Џејн да ги исклучат апаратите. Таа го одбила тоа, Инсистирала да ме вратат во Кембриџ. Следните две недели на инетзивна нега беа најтешкиот период од мојот живот“, раскажа Хокинг во документарен филм за неговиот живот снимен во 2013 година.

 

 

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…