Home Актуелно Сончево време со температура до 15 степени

Сончево време со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер во југоисточните делови од земјата. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.

Од недела ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…