Home Спорт Македонските олимпијци во нова спортска опрема

Македонските олимпијци во нова спортска опрема

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски и г-дин Игор Клаја, Претседател на Управниот Одбор на полската компанија за производство на спортска опрема „ОТЦФ/4Ф“, потпишаа договор за спонзорство со кој „4Ф“ ќе стане Официјален спонзор на MOK за зимските олимписки игри Пјонг Чанг 2018.

МОК и компанијата „4Ф“, која е една од најдобрите светски компании за производство на спортска опрема, веќе изразија заедничко големо задоволство од досегашната соработка и комуникација и најавија дека во текот на 2018 година се очекува да биде потпишан нов спонзорски договор со кој 4Ф ќе биде официјален спонзор за спортска опрема на МОК за сите мулти-спортски настани на кои ќе учествуват македонските Олимпијци и најдобрите македонски спортисти, во организација на МОК, за перидот 2017-2020 година, вклучувајќи ги и Олимписките игри ТОКИО 2020.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…