Home Вебкафе Играле криенка и се сокрил во сефот, па заглавил внатре!

Играле криенка и се сокрил во сефот, па заглавил внатре!

Девет годишното дете од берлин кое играли „жмурка“ со својот помал брат, мислел дека сефот е одлично место за криење, но тука останал заробен три часа пред да го извадат пожарникарите.

Сето тоа се случило во петокот во домот на дедото од децата, кој тогаш не бил во куќата, а само тој ја знаел шифрата за отворањето на сефот.

Членовите на семејството успеале да го „лоцираат“ детето, но не успеале да го отворат сефот бидејќи не ја знаеле шифрата, па побарале помош од пожарникарите.

Пожарникарите прво испробале неколку комбинации на шифри, но не успеале. После тоа морале да пуштат кислород во сефот за детето да може да дише.

Три часа покасно, кога пожарникарите веќе решиле да го обијат сефот, некој ја погодил шифрата, а детето било ослободено.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…