Home Вебкафе Црногорец снимил пирати со калашникови: Ова е вистинска драма (видео)

Црногорец снимил пирати со калашникови: Ова е вистинска драма (видео)

Нападот на разбојници во нигериските води го снимил 25-годишен морнар од Црна Гора.

Драматичната снимка од нападот на пиратите во нигериските води ја објави Фејсбук страната „Подгорички времеплов“, а автор на видеото е црногорскиот морнар Ален Бикиќ, кој пловел со компанијата „Pacific International Lines“.

Пиратите се наоружани со калашникови, а „брканицата“ траела отприлика еден час, а потоа разбониците се откажаа.

„Испаливте три сигнални ракети и потоа се откажаа“, раскажува Бикиќ и откри дека поради својата присебност добил пофалби од челниците на компанијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врел…