Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата на Зоран Заев со репресии сака да погази се она што е македонско и патриотско

ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата на Зоран Заев со репресии сака да погази се она што е македонско и патриотско

Македонија не е демократска држава, туку држава на политички затвореници. Уметници, режисери, глумци и архитекти се притвараат за измислен тероризам само затоа што гласно се спротиставуваа на антидржавните политики на Заев, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Хунтата на Зоран Заев со репресии сака да погази се она што е македонско и патриотско. Сценариото е јасно, преку затворања, прогони и заплашувања сакаат да втераат страв кај сопствениот народ, со цел да можат да ја редефинираат државата и Македонија да добие ново име, фалсификувана историја и срушен унитарен карактер, а за тоа да се молчи. Затоа преку полициската држава која ја инсталираа и неправедниот правосуден систем, вршат политички прогон и одмазда со кои сакаат да ја покријат својата безрбетност и антимакедонизам. Колку и да прогонуваат, колку и да ја фабрикуваат историјата, колку и да ја злоупотребуваат државата тоа идните генерации нема да им го заборават. Народот ќе памети дека патриотите Дурловски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Јовановски и триесетина други ги обвинија за тероризам, а лицата кои спроведуваа насилство врз граѓаните ги ослободуваат или најавуваат дека ќе ги ослободат од затворите, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека секое кршење на законите и на уставот, секој обид да се удри по сопствениот народ ќе им се врати како бумеранг. Заев и целата Хунта околу него ќе одговараат. Тоа што се обидуваат да ги продадат ефтино Националните интереси, затскривајќи се притоа зад притворањата, малтретирањата и монтираните случаи, никогаш нема овој народ да им ги заборави. Порано или подоцна ќе одговараат.

-Граѓаните ќе се спротивстават на овој терор и насилие, бидејќи тие ја бранат сопствената држава и нејзиниот уставен поредок. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните останува на улиците во одбраната на тоа што значи сопствена татковина и нејзини интереси, бидејќи правдата и вистината секогаш на крајот победуваат, а џелатите на сопствениот народ како Заев и Хунтата завршуваат на буништето на историјата, завршија од партијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…