Home Вебкафе 28 годишен Полјак играл рекордна 221 сезона на познатата игра Фудбал Менаџер

28 годишен Полјак играл рекордна 221 сезона на познатата игра Фудбал Менаџер

28 годишниот полјак Мајкал Лениц го сруши Гинисовиот рекорд со тоа што ја игра 221 сезона на легендарната Фудбал Менаџер.

Лениц во сите сезони во 2016 го водел совјот омилен клуб Лех од Познан. Изиграл 17.765 натпревари, а добил 14.381, ремизирал 1664, а изгубил само 1720 натпревари. За тоа време водел и 35 различни репрезентации, а со Лех само два пати испаднал од лигата.

Со полскиот клуб освои 44 титули во лигата на шампиони и 42 клупски светски првенства, а во играта има вкупно 258 години.

„Тајната е во развојот на млади играчи, баш како што мојот Лех прави во реалниот живот. Најголем успех ми е тоа што 11 играчи од мојата младинска школа во еден момент беа во почетните состави и најдобри момци на светот“.

Лениц за 221 сезона во виртуелната игра, потрошил две години во својот живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 суптилни знаци дека вашиот коефициент на интелигенција е над просекот

5 СУПTИЛНИ ЗНАЦИ ДЕКА ИМАТЕ IQ НАД ПРОСЕКОТ Во секојдневието исполнето со брзина, предизви…