Home Живот и здравје Истражувачите покажаа дека веганска диета не е можна на глобално ниво

Истражувачите покажаа дека веганска диета не е можна на глобално ниво

Според истражувањето кое го објавила Американската државна академија на науки, ако сите применуваат веганска диета многу би пателе од недостиг на храрнливи материи. 

Истражувачите заклучија дека веганската исхрана може да биде одржлива на индивидуално ниво, но многу тешко би се спроведила на глобално ниво. Тие сакале да дознаат што би се случило доколку сите во САД би преминале на веганска исхрана. Истражувањето покажало дека достапната храна за луѓето би се зголемила за 23%, доколку не би постоеле животни на планетата. Според таа замисла би останало повеќе храна затоа што животните не би ја конзумирале.

Тоа би довело до зголемување на некои важни нутритиенти, како јаглехидрати, магнезиум и цистеин. Но, залихите на некои важни работи би опаднале знатно. Па така ќе се намалат залихите на калциум, витамин А и Д, Б12 како и некои масни киселини.

„Многу едноставно, постојат потреби за нутритиенти кои не може да ги задоволиме со конзумирање само билни растенија“, изјави Мери Бет Хал.

Во студијата се констатитра дека може да се задоволи потребата за хранливи материи и со веганска исхрана но само на индивидуално ниво. Тоа би било вистински предизвик да се изведе на национално или голобално ниво. Авторите исто така потврдија дека Американците треба да јадат повеќе овошје и зеленчук, поради многуте здравствени предности.

На крај авторите на оваа студија заклучиле дека веганите треба внимателно да ја разработат својата диета. Се со цел да се осигураат дека на организмот му ги обезбедуваат есенцијалните хранливи материи. Без тие материи не би можел да функционира. Тие упатуваат и препорака до сите оние кои планираат да применат веганска диета. Многу важно е да се грижат за тоа што и колку внесуваат. Затоа што покрај придобивките на ваквата диета, доколку не  ги внесуваат потребните материи, може да предизвикаат многу здравствени проблеми. А нормално, целта на веганската диета е покрај останатите придобивки да се подобри и здравјето на оние кои ја применуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …