Home Вебкафе Гомно си е гомно, дури и да сереш на златна Луи Витон школка од 100.000 долари (видео)

Гомно си е гомно, дури и да сереш на златна Луи Витон школка од 100.000 долари (видео)

Постмодерниот ужас и неразумниот кич на бесрамниот материјален свет очигледно отишол по ѓаволите. Последен доказ за тоа е „делото“ на дизајнерката Илма Гор.

Таа е онаа иста девојка која го црташе Трамп со мало „мандало“, во обид да испрати порака до американската нација. Веројатно и сега сака да направи нешто такво (или барем ние сакаме да веруваме дека сака да го направи тоа).

Типката изработила златна ВЦ школка под брендот на Луи Витон (ајде, да добие на тежина, и во оригинал – Louis Vuitton), која е изложена во Санта Моника. ВЦ школката ја изработила од 24 уништени производи од познатиот моден бренд кои ги употребила за обложување на школката со препознатливата и маркантна кожа со логото на дизајенрската компанија.

Како „капак“ на оваа школка ја стави цената – 100.000 долар. Фали уште некој да ја потегне за уши и да ја потсети дека гомно си е гомно, дури и кога го сереш на ваква луксузно дизајнирана школка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…