Home Шоубизнис Добра причина: Кристиано Роналдо откри зошто упорно одбива да се тетовира

Добра причина: Кристиано Роналдо откри зошто упорно одбива да се тетовира

Моментално еден од најпопуларните трендови во светот на спортот е тетовирањето и на тоа не му одолеаја ниту едни од најдисциплираните и најпринципиелни спортски ѕвезди. Освен Кристиано Роналдо.

Тој е еден од многу, многу ретките што не се истетовирале, а причината за таа негова упорна одбивност кон тетовирањето навистина би можела да ве изненади.

Португалецот го бие глас дека е арогантен и самобендисан, но познат е и како голем хуманитарец. Неодамна тој објасни дека не сака да го „краси“ своето тело со тетоважи токму поради таа негова хуманитарна посветеност кон другите.

„Немам тетоважи бидејќи често донирам крв“, кратко и јасно објасни Роналдо зошто одбива да стави некоја тетоважа.

Инаку, популарниот CR беше именуван за спортски хуманитарец на годината во 2015 година и оттогаш не покажува никакви знаци на запирање со неговата хуманитарност.

Во јуни, во хуманитарни цели, го донираше својот бонус од 600.000 евра од Лигата на шампионите. Еден месец после освојувањето на Европското првенство со Португалија, донираше 275.000 фунти за институција која се бори со ракот кај децата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…