Home Вебкафе Се извини на железницата бидејќи пред 50 години се шверцал во воз – бара да му пресметаат долг, еве што му одговорија

Се извини на железницата бидејќи пред 50 години се шверцал во воз – бара да му пресметаат долг, еве што му одговорија

Еден Швајцарец во писмото кое го испрати до локалната железница им призна дека пред 50 години „три до пет пати се шверцал во воз и се покајал, па се извини за својот грев“.

„Жалам за тие постапки и се извинувам. Сакам тоа прашање да го решам пред луѓето и Бога“, напиша тој во писмото кое го упати до железничката компанија кое RBS го објави во четвртокот.

Од компанијата бара да му пресметаат колку е должен за да си го подмири долгот кон железницата. Тој им призна и дека неколку пати иста карта ја користел по два пати, бидјеќи кондуктерот не му ја поништил претходно.

Се шверцал на линијата од Стетлен до Берн кои се оддалечени околу 15 минути возење со воз.

Портпаролот од RBS, Каспар Лоске, изјави дека компанијата нема да му наплати на човекот за шверцањето во нивните возови.

„Ќе му пишеме и ќе му се заблагодариме на чесноста после толку време“, изјави тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…