Home Спорт Раул признава: Фаворити сме против Загреб!

Раул признава: Фаворити сме против Загреб!

Вардар во третото коло од Лигата на шампиони го пречекува хрватскиот шампион ППД Загреб во недела во СЦ „Јане Сандански“.

„Загреб е добар тим со искусни играчи какви што се Вори, Хорват и имаат квалитет. Очекувам тежок натпревар бидејќи играат добра одбрана 6-0, која често ја менуваат во 5-1 со Марковиќ како најистурен. Треба да се подготвиме како да напаѓаме против овие два вида одбрани. Ние сме први во групата, но не треба да се опуштиме. Фаворити сме, но треба да го почитуваме противникот. Очекувам добар натпревар, очекувам полна сала, подобро се игра во полна сала“, изјави Раул Гонзалес.

Вардар, по сè изгледа, и на овој дуел нема да биде комплетен бидејќи под знак прашалник е настапот на голманот Страхиња Милиќ и средниот бек Игор Карачиќ, кој како што информира тренерот Гонзалес „започна со индивидуални тренинзи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…