Home Актуелно Ураганот Марија се очекува да удри на Порторико, градот претворен во место на духови

Ураганот Марија се очекува да удри на Порторико, градот претворен во место на духови

Американските Девствени острови и Порторико се во очекување на ударот на ураганот Марија, кој неколку дена пустоши на Карибите.

Ураганот е во петта категорија и се очекува да донесе ветрови со брзина од 175 километри на час.

Островот Доминика досега претрпе најголема штета од Марија, при што сите телефонски и интернет услуги се во прекин, а на Гвадалупе има еден загинат, а две лица се исчезнати.

Гувернерот на Порто Рико соопшти дека 146 засолниште има 10.059 луѓе и околу 189 домашни миленици.

Вкупно се адаптирани 480 засолништа, со капацитет да примат 68.000 луѓе.

Порториканскиот главен град Сан Хуан се опишува како “град на духови”.

„Изгледа како град на духови. Овој пат по Ирма преземаме повеќе мерки на претпазливост“, вели еден од жителите.

Иако Порторико избегна директен удар од ураганот Ирма, три лица загинаа како последица од невремето.

Комесарот за јавна безбедност на Порторико упати јасна порака до 3,4 милиони жители на островот: “Треба да се евакуирате, инаку ќе умрете, не знам како тоа појасно да ви го кажам “.

Гувернерот на островот вели дека бурата ќе нанесе невидена штета со генерации.

„Ова е остров што не може да издржи масивна бура. Тоа е земја што е на граница на банкрот и овој удар може да биде катастрофален”, вели тој.

Во другиот дел на Карибите исто така се издадени предупредувања за ураган за островите Сент Китс, Невис и Монтсерат, додека за тропска бура за Мартиник, Антигва и Барбуда, Саба, Св. Евстатиј, Сент Мартин, Санта Лусија и Ангила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…