Home Актуелно Ограбен „Тинекс“ во скопската населба Хром

Ограбен „Тинекс“ во скопската населба Хром

Непознат сторител вооружен со пиштол синоќа извршил разбојништво во маректот „Тинекс“ во скопската населба Хром, на улицата „Васил Чакаларов“, насилно и со закана одземајќи од касата 15.000 денари.

Како што соопшти МВР, немилиот настан е пријавен во 21:15 часот во Единицата за информирање и команда. Разбојникот со пиштол и се заканил на вработената по што ја извршил кражбата. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…