Home Спорт Мурињо прв потроши една милијарда фунти: Ова се неговите 10 најскапи играчи!

Мурињо прв потроши една милијарда фунти: Ова се неговите 10 најскапи играчи!

Со пристигнувањето на Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, португалскиот стратег, Жозе Мурињо стана првиот тренер во историјата кој ја преминал магичната граница и на засилувања потрошил преку милијарда фунти.

Англиски „The Sun“ пресметка дека во текот на 17-годишната тренерска кариера потрошил 1,1 милијарда фунти и со тоа зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.

Иако некогашниот тренер на Барселона и Баерн, беше најактивен со потрошени 200 милиони фунти ова лето, Мурињо со 146 изби на првата позиција на најголеми потрошувачи.

Гвардиола потрошил 859 милиони, но разликата е во тоа што Мурињо на газдите на екипите тие пари ги земал во текот на 17 години, додека Гвардиола тоа го направи во девет.

Најголемото и најскапото засилување на Мурињо е Пол Погба. Изминатата година за 89 милиони фунти пристигна од Јувентус во Манчестер Јунајтед.


Вака изгледа и конечната листа на десетте најскапи Мурињови засилувања:

Пол Погба – 89 милиони фунти
Ромелу Лукаку – 75 милиони
Немања Матиќ – 40 милиони
Диего Коста – 35 милиони
Лука Модриќ – 33 милиони
Виктор Линделоф – 31 милиони
Вилиан – 30 милиони
Цеск Фабрегас – 30 милиони
Ерик Бејли – 30 милиони
Андри Шевченко – 30 милиони

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…