Home Вебкафе ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Си ја турна трудната девојка под автобус, сето го снимија камерите!

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Си ја турна трудната девојка под автобус, сето го снимија камерите!

Лукас Монтеиро, 25-годишен студент по право од Рио де Жанеиро уапсен е и обвинет за обид за убиство на својата бивша девојка.

Момчето, како што пишува Њујорк Пост, стоел на автобуска постојка во јужниот дел на Рио со бившата девојка која била во четврт месец бременост и носи негово дете.

НЕ САКАЛА ДА АБОРТИРА, ПА СЕ РЕШИЛ ДА ЈА УБИЕ!

Во моментот кога на постојката пристигнувал автобус, Монтеиро наеднаш ја турнал девојката. За среќа, автобусот само преминал со предните тркала преку ногата, па таа остана жива.

На овој брутален чин претходела кавга на поранешниот пар. Девојката ги одбила барањата на Монтеиро да абортира, бидејќи тоа ги попречувало неговите планови да се пресели во Канада и таму да ги продолжи студиите.

Потоа, бесен, сковал план да ја убие. Мислел дека кога ќе ја турне под автобус, убиството ќе изгледа како несреќен случај. Но, девојката остана жива, а благодарение на надзорните камери, Лукас Монтеро се соочува со голема затворска казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…