Home Шоубизнис Буфон ќе тужи за „срамната“ фотка

Буфон ќе тужи за „срамната“ фотка

Пред неколку дена легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон беше уловен од страна на папараците во „незгодна“ поза заедно со својата девојка Илариа Дамико.

Објективите ги фатија Џиџи и Илариа во орално задоволство на една јахта, а фотката која ја објави магазинот „Chi“ веднаш стана вирална на интернет.

Поради тоа Буфон и неговата девојка преку своите адвокати најавија тужба за магазинот „Chi“, бидејќи, како што велат, фотографијата немала допирна точка со реалноста.

„Илариа едноставно се смееше и ја наведна својата глава, а сликата е прикажана во друг контекст. Се работи за ситуација каде мора да се одбрани имиџот и чувствата на нивните деца. Магазинот прави манипулација со читателите и ги наведува да размислуваат во погрешна насока“, стои во соопштението на адвокатите на Буфон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џејн Сејмур не планира да ја напушти Калифорнија: „Малибу има посебна магија“

Иако многу ѕвезди последниве години се оддалечуваат од Холивуд, Џејн Сејмур вели дека нема…