Home Актуелно УХМР со вонредна временска прогноза

УХМР со вонредна временска прогноза

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35 степени, а на југоисток ќе достигне до 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја.

Од вторник се очекува промена на временската состојба, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…