Home Актуелно Хорор во Скопје: Со дрво ја претепал мајка си

Хорор во Скопје: Со дрво ја претепал мајка си

Скопјанец со дрво ја претепал мајка си. Жената со тешки повреди била пренесена во болница, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, вчера околу 10 часот во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома. Жената успеала да избега и побарала лекарска помош во Св.„Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир.

Повредената рекла дека и пред околу еден месец пријавила семејно насилство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…