Home Живот и здравје Како влијае чоколадото врз менталните процеси?

Како влијае чоколадото врз менталните процеси?

Италијански истражувачи испитувале различни ефекти на акутна и хронична примена на флаванолот од какаото на различни когнитивни домени и откриле дека различни процеси биле подобрени со дневно внесување на флаванол од какао.

Какаото е богато со флаванол, кој спаѓа во природни соединенија кои ги штитат невроните. Така кај испитаниците било забележано подобрување на работната меморија и подобрена обработка на визуелни информации, откако конзумирале флаванол од какао.

– Резултатите покажаа потенцијал на флаванолот на какаото за подобрување и заштита на спознајните процеси кај лица кои имаат проблеми со тоа. Тој исто така го намалува ризикот од појава на некои кардиоваскуларни болести, ијзваи Валентина Сочи од Универзитетот „Л’Аквиља“ во Италија.

Редовниот внес на какао и чоколада може да донесе позитивни ефекти на когнитивните функции со текот на времето. Меѓутоа, постојат и нуспојави поврзани со високата калорична вредност на чоколадото, потоа кофеинот и теоброминот, како и од многу други адитиви како што се шеќерот и млекото.

Поради тоа, научниците препорачуваат да се конзумира темно чоколадо, кое е по здраво и побогато со флаванол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долговечност на јапонски начин: 14 мудри тајни за подолг, поздрав и посреќен живот

Во свет каде што сите постојано ја бркаат младоста, долговечноста стана водилка на совреме…