Home Актуелно Полицијата удри со водени топови на демонстрантите против Г20 самитот во Хамбург

Полицијата удри со водени топови на демонстрантите против Г20 самитот во Хамбург

Германската полиција вечерва со водени топови и спрејови ги растера демонстрантите против самитот на Групата 20 во Хамбург, кои ја нападнаа со шишиња и камења.

Полицијата тврди дека во повеќе наврати барала од група тврдокорни анти-капиталистички демонстранти да ги извадат маските, а потоа одлучи групата да ја раздвои од останатите неколку илјади демонстранти.

Демонстрантите со црни качулки со шишиња и тули нападнаа полициско возило и го скршија стаклото.

Над 100.000 демонстранти се очекуваат во Хамбург по повод самитот на Г20, што се одржува во петок и сабота.

Паролата на демонстрациите е „Г20: Добредојдовте во пеколот“.

Хамбург дополнително обезбеди засилувања од целата земја, така што на располагање се 20.000 полицајци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…