Добри, накај многу добри: Матурантите положија матура со средна оценка од 3,39


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Средната оценка на екстерните испити од државната матура за учебната 2016/2017 во јунскиот испитен рок е 3.39, соопшти Државниот испитен центар.

Резултатите се објавени во училиштата, како и електронски на matura.gov.mk.

Ова е прелиминарна средна оценка за успехот од полагањето државна матура, за што од денеска до 10 јули до 15 часот може да се поднесуваат приговори до училишните комисии. Резултатите од приговорите ќе бидат објавени на 17 јули во училиштата. Во зависност од тоа колку од нив ќе бидат прифатени ќе зависи и конечната просечна оценка. Цената на секој приговор е 1.500 денари кои ќе му бидат вратени на подносителот доколку приговорот биде основан и прифатен.

Директорката на ДИЦ, Мируше Амети, која на прес-конференцијата ги соопшти првичните резултати по сите предмети, рече дека годинашниот успех е во рамки на просекот од постигнувањата во претходните години.

Во 2016 средната оценка беше 3,42, но тоа беше по процесот на приговори. Сега сме пред приговори и 3,39 не е конечна оценка. Оценката зависи и од бројот на ученици, некоја генерација има поголем број ученици, некоја помалку. Ние, како Државен испитен центар, сме задоволни од оценката 3,39 што, секако, може и би било поубаво да е и повисока, рече Амети.