Home Спорт Челзи плаќа „луда“ сума за Алекс Сандро – трансферот пред реализација!

Челзи плаќа „луда“ сума за Алекс Сандро – трансферот пред реализација!

Италијанските медиуми пренесуваат дека левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро е пред трансфер во Челзи и за рекордна сума.

Бразилецот е примарна цел на тренерот Антонио Конте и нема да жали па да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Медиумите пренесуваат дека Алекс Сандро веќе постигнал договор со Челзи и го известил раководството на Јувентус, па сега останува уште двата клуба да се договорат за отштетата.

Таа ќе биде рекордна за еден дефзанзивец, бидејќи „Газета дело Спорт“ тврди дека „сините“ се спремни да платат помеѓу 65 и 70 милиони евра.

Трансферот би требало да биде комплетиран во следните неколку дена, а „старата дама“ како негова замена сака да ги донесе италијанските репрезентативци Матео Дармијан и Матија де Шиљо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…