Home Шоубизнис Првите 125 дена од владеењето на Трамп во последните епизоди од Симпсонови

Првите 125 дена од владеењето на Трамп во последните епизоди од Симпсонови

Симпсонови во една од последните епизоди направија осврт на 125-те дена од доаѓањето на претседателската функција на Доналд Трамп.

На трејлерот може да се види како Трамп се обидува да ги „испегла“ работите со бившиот директор на ФБИ, Џејмс Комеј, кој ја водеше истрагата за евентуалната поврзаност помеѓу административците на Трамп и Русија.

Нивниот состанок во спалната соба во Белата куќа беше прекинат од посетата на духот од бившиот претседател Ричард Никсон, кој си поднесе оставка за аферата „Вотергејт“.

„Сакам да ти се заблагодарам Доналд. Јас напредувам. Благодарение на тебе јас сум 44-от најдобар претседател на САД. Имам совет за тебе, ако имаш снимки, запали ги“, му вели Никсон.

Овој коментар се однесува на истрагата на ФБИ за евентуалната поврзаност на руските хакери со претседателските избори во САД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …