Home Актуелно Никола Тодоров го врати пратеничкиот мандат – ќе се посвети на адвокатурата

Никола Тодоров го врати пратеничкиот мандат – ќе се посвети на адвокатурата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, кој е и министер за здравство во владата на заминување се откажал од пратеничкиот мандат, потврдуваат собраниски извори.

Тодоров го информирал претседателот на Собранието, талат Џафери денеска попладне дека се откажува од мандатот.

Според Деловникот, претседателот на Собранието, на првата наредна седница, односно утре, треба од говорница да ги информира пратениците дека пратеникот Тодоров се откажува од пратеничкиот мандат. Одлуката за повлекување од Собранието ја објави и самиот Тодоров на неговиот фејсбук профил.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров на својот Фејсбук профил.
Тодоров од 2009 до 2011 беше министер за образование и наука, а од 2011 ја вршеше функцијата министер за здравство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…