Заев: Прво укинување на екстерното, потоа ревизија на финансиската состојба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Укинувањето на екстерното тестирање ќе биде една од првите мерки кои ќе ги преземе новата Влада. Мандаторот Зоран Заев вели дека следува и покачување на минималната плата. Според него, ќе се отворела можност и за младите додека им трае образовниот процес, но и веднаш по завршувањето на студиите да најдат практична работа, а со тоа и можност за постојано вработување.

„Би било нецелисходно тоа да се случи по 10 јуни оти тестирањето ќе биде завршено. Ред е мерката да се спроведе пред одржување на екстерното тестирање до 5 јуни. Верувам дека ќе се стигне. Ако в среда се избере Влада, веќе в четврток ќе се разговара за законите кои се доставени до Собранието и тие да бидат изгласани, изјави Заев по излегување од Обвинителството за гонење организиран криминал, каде бил повикан да даде исказ во врска со кривичната пријава која СДСМ ја поднесе против четворица функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои истовремено биле министри во техничката влада и пратеници“, вели мандаторот Зоран Заев.

Во поглед на финансиската состојба, тој најави ревизија која ќе била транспарентна, а јавноста за истото навремено ќе биде информирана. Како што најави и вчера, Заев повторно потенцираше дека дал налог на правниците да состават барање до СЈО, да преиспита дали некои од предложените функционери се наоѓаат во „бомбите“.

„Ако сакаме да ја вратиме правната држава не може луѓето што се осудени за криминал или кои се директно инволвирани во криминал да бидат носители на важни и одговорни функции, а при тоа да бидат сериозно осомничени за нешто што претставува рушење на јавните интереси и рушење на Кривичниот закон“, додаде Зоран Заев.

Во врска со бројот на предложените министри без ресор, мандатарот Заев рече дека тие нема да останат без ресор.