Home Живот и здравје Крај на проблемот со акните – наскоро доаѓа вакцина!

Крај на проблемот со акните – наскоро доаѓа вакцина!

Еден дерматолог од Универзитетската клиника во Сан Диего, кој работел на вакцина против антракс, моментално работи на заштита од акни.

Професорот Ерик Хуанг е директор на шестгодишна студија која треба да доведе до развој на вакцина за борба против бактерии кои предизвикуваат акни.

„Ова е прва вакцина во служба на човековата убавина“, рече Хуанг, додавајќи дека за неа би постоел голем пазар.Тинејџерите посебно се склони на акни, бидејќи поради зголеменото лачење на потните жлезди поради пубертетските промени, бактериите полесно се размножуваат на нивната кожа.

Истражувачите веќе развиле антитела кои влијаат само на токсичниот CAMP протеин кој лачи бактерии и сега работат на два вида на вакцини, терапевтска и превентивна.

За сега тие вакцини се во фаза на истражување, но охрабрува фактот што добро се покажале на глувци и помали примероци на човечка кожа

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долговечност на јапонски начин: 14 мудри тајни за подолг, поздрав и посреќен живот

Во свет каде што сите постојано ја бркаат младоста, долговечноста стана водилка на совреме…