Home Шоубизнис Беа првите лезбијки на сцена: Еве како изгледаат и што прават денес девојките од t.A.T.u

Беа првите лезбијки на сцена: Еве како изгледаат и што прават денес девојките од t.A.T.u

Јулија Волкова и Лена Катина станаа главни женски хероини на MTV и добија огромно медиумско внимание кога во 2002 година се појавија како првиот лезбијски пар на шоубизнис сцената со хитот All The Things She Said. Како геј пар ја претставуваа и Русија на изборот за Евросонг, а на сцената дури и разменија бакнеж, но подоцна испадна дека сето тоа било само една добро смислена шоу претстава за јавноста и народот.

A post shared by Lena Katina (@lenakatina) on

Откако дуото се распадна, Лена Катина сепак покажа дека сака мажи, а не девојки. Се омажи за Србинот Саша Кузмановиќ со кого го има синот Александар.

Јулија Волкова денес има 32 години и две деца – ќерката Викторија и синот Самир, кои ги доби со бившиот сопруг Парвиз Јасинов. Денес изгледа позгодна од било кога.

Девојките признаа дека не се лезбијки во документарниот филм Anatomia t.A.T.u, а Јулија ја шокираше јавноста со изјавата дека тешко би поднела доколку синот Самир признае дека е геј.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Браќата од братството на Корнел се обиделе да го прикријат случајот на групно силување

Неколку членови на братството Чи Фи, вклучени во скандалот на Универзитетот Корнел, наводн…