Home Шоубизнис Еве што прогнозираат обложувалниците за настапот на Бурческа на Евровизија

Еве што прогнозираат обложувалниците за настапот на Бурческа на Евровизија

Евровизиската преставничка на Македонија според светските обложувалници има шанси од околу еден отсто да победи на овогодишниот избор на Песна на Евровизија.

Јана Бурческа (23) ќе настапи со песната „Dance Alone“ во конкуренција од 42 натпреварувачи.

Коефициентот македонската претставничка да победи на Евросонг се движи од 101 до 151 и сепак не е меѓу најголемите аутсајдери на тоа натреварување.

Најмалку шанси за победа обложувалниците им даваат на Сан Марино и на Албанија (Коефицент 250).

Најголем фаворит се смета Франческо Габани од Италија кој има според нив 59 отсто шанси за победа. Втор на листата со најголеми шанси е бугарскиот претставник Кристијан Костов со песната Beautifull mess.

Годинешниот Евросонг се одржува во Киев. Првата полуфинална вечер ќе се оддржи на 9 мај, втората на 11 мај а финалето е закажано за 13 мај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …