Home Спорт Официјално: Ливерпул го осигура потписот на Хрватот!

Официјално: Ливерпул го осигура потписот на Хрватот!

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловерен, денес стави потпис на нов договор со Ливерпул и се обврза на верност со клубот од „Енфилд“ до 2021 година.

Дејан Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014 година од Саутемптон. За тимот од „Енфилд“ има одиграно 105 натпревари и постигнато четири гола, од кои два во оваа сезона.

„Мислам дека сум најсреќниот човек во светот, го остварив сонот. Секогаш сонував да останам долго во клубот кој го сакам, а тој клуб е Ливерпул“, изјави Хрватот.

Ливерпул не ги објави финансиските детали од новиот договор на Ловрен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…