Home Вебкафе Шокантни сцени: Масовна тепачка на дуелот Пењаро со Палмеирас – летаа боксови

Шокантни сцени: Масовна тепачка на дуелот Пењаро со Палмеирас – летаа боксови

Натпреварот помеѓу Пењарол и Палмеирас, кој се одигра во рамките на четвртото коло во Копа Либертадорес, го одбележа општата тепачка помеѓу играчите и навивачите.

Уругвајскиот тим Пењарол по првите 45 минути имал предност од 2:0, но во вториот дел гостите од Бразил направиле целосен пресврт за 2:3.

По пресвртот, настанала караница меѓу фудбалерите која потоа прераснала во тепачка. Најжесток бил Фелипе Мело, играчот на Палмеирас, кој е поранешен фудбалер на Фиорентина и Јувентус. Тој со тупаници го удирал играчот на Пењарол Мијеиро и тоа во моментите кога судијата означил крај на натпреварот.

Тепачката помеѓу фудбалерите продолжила и пред соблекувалните.

Насилството од теренот потоа се преселило на трибините, кога домашните навивачи почнале со разни предмети да фрлаат по навивачите на Палмеирас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…