Home Шоубизнис Оваа фантазмагорична и надреална река од соништата крие опасна тајна

Оваа фантазмагорична и надреална река од соништата крие опасна тајна

Веќе 5000 години на подрачјето на Рио Тинто (Црвената река) во Андалузија постојат активни рудници на злато, сребро, бакар и други благородни метали.

Како резултат на ваквото загадување со тешки метали и остатоци од киселини, водаата во реката има необичен колорит.

Реката извира во планинскиот ланец Сиера Морена во Шпанија, течението и е долго околу 100 километри, а се влева во заливот Кадиз во Атланскиот Океан.

Поради високата киселост на водата, таа е опасна за луѓето, но тоа не значи дека во неа нема живот.

Напротив, во неа живеат анаеробни бактерии кои се хранат со сулфид и железо од камењата во речното корито.

Ова откритие е посебно интересно за астробиолозите, кои веруваат дека животните услови во Рио Тинто се слични на условите на Марс или на Јупитер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…