Десет филма кои мора да ги гледате, а не се со суперхерои и џедаи

Откако одењето во кино се сведе на избор меѓу десетици блокбастери (кај нас и тоа го нема во секој град), од кои секој припаѓа на некоја франшиза, помалите филмови речиси одвај и да се забележани дека постојат. Барем што се однесува до масата гледачи.

Некои патото до публиката го наоѓаат благодарение на Netflix, кој стана засолниште за талентирани автори кои сакаат да создаваат нешто оригинално, но не пронаоѓаат истомисленици во големите студија. Други, пак, кратко блеснуваат помалите фестивали и со тек на време стануваат одлични филмови за кои никој не знае (освен ако не добијат малку медиумски простор во текот на оскаровската сезона).

Мејнстрим медиумите се концентрирани главно на големите франшизи, па ако не е Marvel, DC или Star Wars, не се исплаќа ни да пишуваат за него. И додека повеќето филмови со суперјунаци можат да се опишат како два часа долг трејлер за продолжението кое сигурно ќе следува, ние одлучуваме да ви привлечеме малку внимание врз некои помали наслови кои би можеле да ве воодушеват. Нема суперхерои, нема вртоглаво високи буџети, но станува збор за одлични филмови.

I Don’t Feel At Home in This World Anymore

Режисерско-сценаристичкото деби на актерот Мекон Блер, познат по улогите во одличниот Blue Ruin и уште подобриот Green Room е одлична црна комедија/трилер за медицинска сестра која после грабежот во нејзиниот дом тргнува во потрага по загубените ствари.

Добро, ова како „тизер“ не звучи многу добро, но верувајте, ќе ви се исплати да го изгледате.

Baby Driver

На некои ќе им биде доволно што станува збор за новиот филм на Едгар Рајт, додека за други веројатно ќе биде од помош ако потсетиме дека тоа е истиот оној Едгар Рајт кој ги сними одличниот Shaun of the Dead, Hot Fuzz, Scott Pilgrim vs The World и The World’s End. Неговиот нов филм е акциона комедија за млад и талентиран возач Бејби, кој се обидува да стане најдобар на сцената, но нештата тргнуваат на лошо кога ќе го запознае Док, мафијаш поради кој може да го загуби животот.

Не дека досега не сме виделе еден куп вакви филмови, но сме гледале и купишта филмови со зомби, па сепак, Shaun of the Dead и понатаму е еден од најдобрите од тој вид. Затоа, погледнете го и овој.

Wilson

Даниел Клаус го сними Ghost World и сите беа воодушевени. Откако го сними Art School Confidential, никој не беше воодушевен. Многумина сметаа дека неговиот нов филм според стрипот кој го напиша во 2010 година би можел да биде негово враќање во форма.

Вуди Харелсон глуми осамен, невротичен и непријатно искрен мизантроп, кој за прв пат во животот ја запознава својата ќерка, а за нештата да бидат уште полоши за стариот циник, таа е дебела тинејџерка.

Prevenge

Хорорите од година во година стануваат сè подобри, а тоа го докажува и минатогодишниот британски slasher кој квалитетно ќе блесне во 2017 година. Филмот за трудницата која е убедена дека нејзиниот фетус ја команда да го пронајде убиецот на својот партнер и да се одмазти, веќе освои неколку награди, а критичарите се воодушевени.

Иако некои критичари тврдат дека изведбата би можела да биде малку подобра, 94% од позитивните коментари и оценки на Rotten даваат индиции дека станува збор за хорор кој не би требало да го пропуштите.

Raw

За овој филм пишувавме претходно на нашиот сајт, така што за истиот ќе можете да си читнете ТУКА, ако претходно сте ја пропуштиле таа статија.

Get Out

Тешко е да се пронајде филм кој од почетокот на оваа година собра повеќе позитивни реакции од режисерското деби на половината од тандемот заслужен за одличното скеч шоу Key & Peele. И додека беше реално да се очекува оти првите чекори на Џордан Пил ќе бидат во жанрот комедија, тој се одлучи за комичен хорор за млад меѓурасен пар и необична посета на нивниот мистериозен имот.

Единствената лоша критика за овој филм дојде од „трол“, а сите останати тврдат дека станува збор за модерен класик. Буквално добра препорака.

Oklahoma City

Мора да споменеме и барем еден документарец, па тука може да се спомене Oklahoma City, од Барак Гудман, кој се одлучи да се позанимава со еден од најголемите терористички злочини на американско тло, за терористот Тимоти МекВеј кој усмрти 168 жртви. Иако уште поминува под радарот на мејнстрим публиката, филмот на Гудман е правовремено пласиран со оглед дека се занимава и со порастот на популарноста на американското all-right движење.

The Discovery

Новиот филм на Чарли МекДауел има соврешно луд заплет. Станува збор за љубовна приказна чие дејство е сместено една година откако луѓето откриваат дека и научно потврдено постои задгробен живот. Главно, Џејсон Сигел се вљубува во Руни додека милиони луѓе околу нив одлучуваат да извршат самоубиство. Заинтересрани?

Wind River

Откако ги напиша Sicario и Hell or High Water, Тејлор Шеридан стана име на кое треба да се внимава на секој негов потег, а неговото режисерско деби е дефинитивно вредно за внимание.

Дејството го следи агентот Кори Ламберт кој наоѓа леш в зафрлените делови на еден индијански резерват, а ФБИ му праќа млада и неискусна агентка која не е дорасната на задачата. Тие двајца тргнуваат во потрага по вистината низ безмилосната дивина.

Okja

Откаок го сними одличниот The Host, а продолжи со Mother и повторно се врати со брилијантниот и потценет Snowpiercer, Бонг Џун-хо повторно разработува интересна тема.

Дејството ја следи младата Мија која ризикува сè за да ја спречи моќната мултинационална компанија да го киднапира нејзиниот најдобар пријател – големото животно со име Окја.

Иако во овој случај сè е можно, бидејќи ова е нешто како модерен E.T., засега нема причина за сомнеж во талентираниот јужнокорејски режисер.