Home Актуелно Политичко лудило: Турција ќе ги „протера“ холандските крави

Политичко лудило: Турција ќе ги „протера“ холандските крави

Турското здружение кое ги здружува производителите на црвено месо нареди холандската стока да се врати назад во Холандија, порачувајќи им на Холанѓаните дека не ги сакаат нивните крави на своите фарми поради дипломатската криза помеѓу овие две земји.

Претседателот на здружението, Булент Тунч, за турските медиуми изјави дека станува збор за пратка која ја чинат 40 холстејн-фризиски крави.

„Овие крави доста чести во нашата земја, но тие почнуваат да создаваат сериозни проблеми. Во иднина не сакаме животински производи од Холандија. Првата серија крави е натоварена и ќе им ги испратиме назад“, вели Тунч.

Кравите кои се враќаат дома беа во млекарата Biga во западната провинција Чанаккале. Тунч смета дека Турција треба да се фокусира на одгледување на сопствена, домашна стока.

„Доколку не ги примат назад, ќе ги поделиме деловите после нивното колење“, изјави Тунч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…