Home Актуелно Ќе следи истрага: Дваесетиедногодишен затвореник почина во Идризово

Ќе следи истрага: Дваесетиедногодишен затвореник почина во Идризово

Сакам само правдата да биде задоволена, ништо друго, вели Џемиле Реџепова, мајка на 21-годишниот починат затвореник.

Џемиле Реџепова ја држи во раце фотографијата на својот 21 годишен син, кој почина во саботата вечерта.  Мајката на починатиот вели дека веќе две години, и двата сина и се осудени за исто дело. Едниот вели ќе остане во затвор уште 8 години, а другиот ми го донесоа во ковчег.

Активистот за правата на Ромите, Геге Демировски вели дека врз починатиот е извршено насилство. Според него починатиот бил тепан од страна на затворските полицајци, а потоа со сила го натерале да ги испие таблетите од кои се предозирал и починал.

Според МВР, случајот бил пријавен во 22 часот во саботата од страна на дежурниот командир во Казнено поправниот дом Идризово. Осудениците кои биле заедно со него во собата го затекнале во безсозние.

Со возило на Итна медицинска помош бил превезен во Клиниката за токсикологија, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…