Home Вебкафе Уапсени поради сексуален однос: Предбрачен секс ги чинеше затворска казна

Уапсени поради сексуален однос: Предбрачен секс ги чинеше затворска казна

Полицијата во Абу Даби ги уапси Ирина Нохај и Емлин Калвервел затоа што имале секс, а не биле во брак.

Како што објави лондонскиот весник „Дејли Мејл“, проблемот настанал кога Украинката Ирина отишла на лекар поради „грчеви во стомакот“, но било утврдено дека таа е бремена.

По пријава на лекарите, полицијата започнала истрага и утврдила дека Ирина е во врска со Јужноафриканецот Калвервел и дека „имаат секс, иако не се во брак“.

Тие се приведени, но против нив засега не е покренато официјално обвинение, бидејќи истрагата „се уште е во тек“.

Министерството за надворешни работи на Јужна Африка соопшти дека не може да им помогне на Калвервел и на неговата партнерка, затоа што „случајот е во надлежност на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)“.

Сексот пред брак е забранет во ОАЕ, а на прекршителите на оваа забрана им се заканува затворска казна во траење до една година и доколку се странци може да бидат протерани од земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…