Home Спорт Супербоул: Њу Ингланд со фантастичен персврт до титула!

Супербоул: Њу Ингланд со фантастичен персврт до титула!

Њу Ингланд Петриотс ја освоија петтата титула во НФЛ, откако во Супербоул финалето, со голем пресврт, ја надополнија негативата од 25 поени и славеа над Атланта Фалконс 34:28.

Њу Ингланд го направија најголемиот пресврт во историјата на Супербоул, претходно ниту еден тим не надоместил негатива поголема од десет поени, а воедно ова беше првото финале кое беше решено во продолжението.

Атланта во третиот период имаше предност од 3:28, но тогаш се разигра Том Брејди кој го одигра мечот на кариерата и го однесе својот тим до победта.

Брејди и тренерот на Њу Ингланд Бил Беличкик влегуваат во историјата на овој спорт како најдобрите на сите времиња.

Квотербекот на Њу Ингланд, Брејди е прогласен за МВП на 51-то издание на Супербоул и е единствениот со три вакви признанија. Воедно со петте титули тој ги надмина легендите Џо Монтана и Тери Бредшо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…