Home Актуелно Шест лица убиени во терористички напад во канадска Џамија (видео)

Шест лица убиени во терористички напад во канадска Џамија (видео)

Шест лица се убиени кога вооружен напаѓач отворил оган во џамија во градот Квебек во текот на вечерните молитви, соопштија локалните медиуми.

Еден од сведоците за Ројтерс претходно изјави дека тројца мажи почнале да пукаат кон околу 40 лица што биле во Исламскиот културен центар во Квебек. Франс прес пишува дека две маскирани лица влегле во џамијата, во која имало 60 до 100 луѓе, и почнале да пукаат.

Полицијата уапси две лица, јавуваат канадските медиуми, но наведуваат дека не ја исклучуваат можноста да има уште осомничени.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека го осудува овој терористички напад врз муслиманите, а дека случајот се истражува како терористички напад потврди и полицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…