Home Спорт Серена испиша историја во Мелбурн!

Серена испиша историја во Мелбурн!

Серена Вилијамс испиша историја на Австралија Опен освојувајќи ја седмата титула во Мелбурн, вкупно 23-та од грен слем турнирите, со што ја мина Штефи Граф на вечната листа, на тенисерки со најмногу титули на грен слем турнирите во опен ерата.

Покрај рекордот, Серена повторно ја освои и првата позиција на ВТА листата, каде досега се наоѓаше Анжелик Кербер, која не успеа да ја одбрани минатогодишната титула во Мелбурн.

Сестрите Вилијамс го одиграа второто меѓусебно финале во Австралија, а како и во 2003 година победи помладата Серена.

Што се однесува до мечот, во првите четири гема ниту една од сестрите не го освои својот сервис, за потоа Серена да освои три гема во низа и да го добие првиот сет со 6:4.

Во вториот сет во првите четири гема тенисерките беа сигурни на својот сервис, иако Венус беше таа која не реализира три топки за брејк во третиот гем.

Клучен за овој сет и за мечот беше осмиот гем кога Серена направи брејк, а потоа со идентични 6:4 го заклучи мечот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…