Home Спорт Тој е неуништлив: Федерер на 35 години, до своето 28-мо финале!

Тој е неуништлив: Федерер на 35 години, до своето 28-мо финале!

Можете да не го сакате, но мора да го почитувате! Роџер Федерер блеска и во својата 35-та година, па преку Стан Вавринка се избори за ново финале на Австралија Опен, 28-мо во својата кариера.

Швајцарскиот ас по голема борба во пет сета славеше значајна победа над својот сонародник, Стен Вавринка и после седум години повторно ќе игра финале во Мелбурн.

Федерер одлично го започна мечот ги доби првите два сета со 7-5 и 6-3, но потоа следуваше негов пад. Третиот сет му припадна на Вавринка со убедливи 6-1, го доби и четвртиот со 6-4 и се избори за петти решавачки сет.

Во петтиот сет Федерер повторно ја крена формата, успеа да биде најдобар кога најмногу требаше го доби сетот со 6-3 и се пласираше во своето шесто финале на Австралија Опен.

Федерер својот противник во финалето ќе го дознае утре, кога ќе се одигра вториот полуфинален меч меѓу Надал и Димитров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…