Home Актуелно 23 јануари, 1556 година, денот кога се случи најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот

23 јануари, 1556 година, денот кога се случи најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот

На денешен ден, 23 јануари, во густонаселената покраина Шанкси во Кина, се случи најкатастрофалната земјотресна несреќа која е запамтена во историјата на светот.

Се проценува дека во овој разорен земјотрес загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број жртви се должел на тоа што населението живеело во вештачки пештери, таканаречени јаодунг, ископани во растресита глина.

Земјотресот бил со магнитуда од 8 степени, а според аналите кои се зачувани од таа област, а кои датираат уште од 1171 година пред Христа, епицентарот бил околу Хуаксиан. Овие анали, во кои се забележани 26 други деструктивни земјотреси во оваа провинција, детално ги опишуваат разорните последици од најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот.

Иако истиот траел само неколку секунди, поместил цели планини, го сменил текот на реките, предизвикал масовни поплави и пожари кои траеле со денови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…