Home Спорт Откриена најголемата летна желба на Милан – напаѓач од 80 милиони!

Откриена најголемата летна желба на Милан – напаѓач од 80 милиони!

Италијанските медиуми пренесуваат дека новите сопственици на Милан имаат амбициозен проект и се спреми да потрошат голема сума за засилување на тимот.

„Спортиталија“ ја откри најголемата трансфер желба на „росонерите“ за следното лето, а станува збор за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.

Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи во светот и желба на многу европски гиганти, но Милан е спремен да се бори за неговиот потпис и веќе спремил 80 милиони евра.

Африканецот е производ на школата на Милан и тоа за него би било враќање во матичниот клуб, а медиумите тврдат дека новите сопственици веќе работат на трансферот.

Агентот Фабио Паризи, кој го застапуваше Обамејанг додека играше во Италија потврди дека напаѓачот со задоволство би се вратил на „Сан Сиро“.

„Јас го застапував Пјер додека играше во Италија и постојано сум во контакт со него. Негова најголема желба е Реал Мадрид, но Зидан смета дека нема да се вклопи во неговиот систем, па затоа трансферот не е возможен. Знам дека Обамејанг со задоволство би се вратил во Милан“, истакна Паризи.

Интерес за Обамејанг покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити, па Милан ќе мора да се избори со жестока конкуренција за неговиот потпис.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…