Home Спорт Ова ќе биде најголемата „бомба“ од Мурињо следното лето!

Ова ќе биде најголемата „бомба“ од Мурињо следното лето!

Антоан Гризман е голема желба на Жозе Мурињо, а францускиот напаѓач му дал збор на соиграчот од репрезентацијата, Пол Погба дека од следната сезона ќе играат заедно на „Олд Трафорд“.

Според пишувањата на англиските медиуми, Гризман му ветил на својот соиграч од репрезентацијата Пол Погба дека на лето ќе му се приклучи во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 100 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузуала, додека на Гризман ќе му понудат идентична плата како Погба, односно 220.000 фунти неделно.

Гризман би требало да го замени Вејн Руни и во формацијата 4-2-3-1 кој ја форсира Мурињо да го завземе местото зад Златан Ибрахимовиќ, додека Пол Погба ќе игра како класичен централен играч за врска.

Не е тајна дека Гризман е најголемата желба на Мурињо и дека
Португалецот сака да го гради тимот околу него и Пол Погба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…