Ѕвездата на Лестер е најдобар Африканец за 2016 година!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алжирецот Ријад Марез е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2016 година, откако имаше фантастична сезона во Лестер и ја освои Премиер лигата.

Репрезентативецот на Алжир имаше супер сезона со „лисиците“ кои направија чудо и ја освоија Премиер лигата, а токму тој со 17 голови и 10 асистенции беше еден од клучните играчи за историскиот резултат.

Во трката за престижното признание Марез доби повеќе гласови од напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг кој беше победник минатата година.

Марез доби 361 бод во изборот или 48 повеќе од Обамејанг. Зад нив заврши играчот на Ливерпул, Садио Мане со 186 бода.

Покрај континентаната годишна награда, Марез беше избран и за најдобар играч во Премиерлигата минатата сезона.