Home Спорт Ракометарите добиваат 40.000 долари за подготовки!

Ракометарите добиваат 40.000 долари за подготовки!

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за предстојното Светско првенство во ракомет во Франција, за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари.

Средства на МОК се наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на планетарната ракометна смотра.
.
Македонија на Мундијалот ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Инаку македонските ракометари подготвките ги започнаа на 20 декември во Маврово. Во овој зимски центар ракометарите ќе бидат до 30 декември, кога се враќаат во Скопје, каде од 2 јануари наредната година ќе продолжат со подоготвките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…