Ѕвездата на Реал на пат за Кина!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кинезите полека, но сигурно го освојуваат фудбалскиот свет. Последен фудбалер кој е на мета на кинеските милиони е дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе.

Веќе е сигурно дека Пепе нема да го продолжи договорот и ќе се раздели со „кралевите“ после цели десет години, но можно е да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ уштее оваа зима.

Имено, „Марка“ пренесува дека Пепе на маса има богата понуда од кинески клуб и дека започнал преговори за трансфер во Кина.

33-годишниот Португалец оваа сезона одигра само осум натпревари во Примера и смета дека за него е идеално време да се пресели на Исток, каде што ќе може да заработи голема сума на пари.