Home Вебкафе SpaceX испишува историја: Реакцијата на Елон Маск кога Falcon 9 ракетата успешно слета

SpaceX испишува историја: Реакцијата на Елон Маск кога Falcon 9 ракетата успешно слета

Основачот на SpaceX, Елон Маск, за јавноста не е познат како нешто посебно емоционално експресивен тип. Кога ќе се појави во јавност тој е прилично воздржан, лежерен и без посебни изблици на емоции.

Но, National Geographic на нивното видео го прикажуваат во сосема поинакво светло од она кое ние го знаеме, а кое очигледно го крие под површината од погледите на јавноста. Видеото го прикажува Маск како го набљудува првото успешно полетување и слетување на нивната ракета Falcon 9 на Флорида.

Слетувањето, кое се случи пред точно една година, на 21 декември, 2015, го означи историскиот момент една приватна ракета од приватна компанија за летови во вселената успешно да полетиа и повторно да слета на цврсто тло. Тоа беше возбудлив момент за сите технолошки фанови на SpaceX, а ниту Елон не остана рамнодушен на тоа, каков што обично знае да биде.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…