Home Актуелно Сончев и релативно студен вторник

Сончев и релативно студен вторник

Сончево со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Утринските температури ќе се движат од -12 до -6, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -11 степени и дневна до 7 степени.

Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво, односно претежно сончево време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер, претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во однос на котлините.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…